Калимеро и Црвен крст ќе им помагаат на социјално најзагрозените охриѓани
07.11.08 07:04
На иницијатива на советникот Петре Петрески-Калимеро, Црвен крст Охрид во периодот од 10.11. – 10.12.2008 г. организира акција за собирање на исправни и употребливи апарати за домаќинство, покуќнина, мебел и слично кои ќе бидат распределени на оние наши сограѓани кои живеат во тешки социо-економски услови и имаат потреба и услови за употребување на истите, соопшти охридскиот Црвен крст.
Сите хумани луѓе кои имаат и сакаат да донираат употребливи покуќнина, апарати за домаќинство, мебел и сл. можат да се јават во Црвен крст Охрид (тел. 046 261-909) за да добијат детални информации и остават потребни податоци.
Екипи на Црвен крст Охрид и иницијаторот на акцијата организирано ќе ги собираат донираните производи и складираат на соодветно место, а во текот на месец декември истите ќе бидат распределени, според список на Центарот за социјална работа, на социјално-најзагрозените семејства од Охрид и Дебарца.
Во периoдот од 3 до 9 февруари во државава пријавени се 2880 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип, за 5,1% помалку во споредба со претходната недела, информираат од Институтот за ја...
Седум краци од улици со вкупна должина повеќе од 900 метри ќе се асфалтираат во Пештани Во оваа насока денес започнаа подготвителни активности на терен Вкупната вредност на овој проект изнесува око...
На 13022025 во 0025 часот во СВР Охрид било пријавено дека во Специјалната болница „Св Еразмо“ во Охрид со тешки телесни повреди била донесена 18 – годишна девојка од кавадаречко село Во разг...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.