Примероците калифорниска пастрмка кои се забележани во водите на Охридското Езеро, најверојатно потекнуваат од рибниците на реките во сливот на езерото, сметаат од Државниот инспекторат за земјоделство.

Раководителот на инспекторатот, Ванчо Димитриески, смета дека причина за појавата на овој предатор во Охридското Езеро, за кој постои сомневање дека ја загрозува ендемската охридска пастрмка, се несовесните сопственици на рибници, од каде оваа риба доаѓа во езерото.

На укажувањата на спортските риболовци и екологистите дека такви рибници има и во Албанија, од Инспекторатот најавија дека наскоро Mакедонија и Албанија ќе ги интензивиаат разговорите на министерско ниво со цел да се заштитат ендемските видови риби кои живеат во Охридското Езеро.

OhridNews