Калифорниската пастрмка веќе подолг период се среќава во водите на Охридското Езеро иако нејзиното одгледување во охридско-струшкото сливно подрачје е забрането со Законот за заштита на води.

Во Охридското Езеро нема услови  за полово созревање на калифорниската пастрмка. Таа се наоѓа тука до оној момент кога ќе биде уловена. Но опасноста доаѓа доколку калифорниската пастрмка  како единка мутира и се прилагоди на езерските услови со што навистина ќе се доведе до опасност опстанокот на ендемичниот вид охридска пастрмка“, предупредува Лазе Наумоски од Еколошкото друштво „Грашница“.

Како што кажува Наумоски, калифорниската пастрмка се среќавала и пред повеќе од 15 години во езерото а тоа се должи на излевањето на рибниците во соседна Албанија во кои се одгледувал овој вид риба.

Не е пожелно калифорниската пастрмка да се најде ниту на менијата во угостителските објекти, зашто Охрид е надалеку познат по ендемичната пастрмка“, вели Наумоски.

Според него, заканите по опстанокот на охридската пастрмка започнаа пред дваесеттина години со воведувањето на високите мрежи како риболовен алат   со кои директно се уништија матиците како риби, но се  раскина и симбиозата помеѓу пастрмката и плашицата.

А.Ристоска