Тексашките библиотекарки одлучиле да се разголат и да ги покажат своите тетоважи за календар од чија продажба сакаат да соберат помош за оштетените библиотеки. Календарот го издава тексашкото здружение на библиотекарите (ТЛА), под наслов “Тетовираните дами од ТЛА”.
На овој му претходел календар наречен “Мажите од тексашките библиотеки” од чија продажба биле собрани 9000 долари за помош на библиотеките кои настрадале во налетите на ураганите Кетрин и Рита.