Министерката за спорт во италијанската влада, Џована Меландри побара од Италијанската фудбалска федерација да го прекине првенството и натпреварите да бидат поместени за неколку недели.

” Побарав од Федерацијата да се повлече решителен потег, а тоа е прекинување на лигата на одредено време односно неколку недели”, изјави Меландри.

Владата бара остри мерки бидејќи во вчерашните инциденти во Рим, повредени се околу 40 полицајци, а направена е огромна материјална штета.

Неколку национални асоцијации реагираа барајќи законска рамка за забрана на патување на навивачите на гостувањата.

За наредниот викенд откажани се сите натпревари во пониските лиги во Италија , а италијанската фудбалска федерација ќе побара од Уефа натпреварот со Шкотска да го одиграат со црни ленти на нивните дресови .

Во последниве неколку години “Чизмата“ е актуелна, но не поради успеси туку поради големиот број на скандали поврзаи со калчото.Се започна со Лучано Моџи и скандалот со намесетни натпревари по кој Јувентус се пресели во Серија Б. Азурите станаа светки прваци, но за време на првенството генералниот менаџер на Јувентус Џанлука Песото изврши мистериозен самоубиствен скок .

Не така одамна беше кога на натпреварот помеѓу Катанија и Палермо по нередите загина еден полицаец, на фудбалот му се закануваше суспензија но на крајот на шампионатот Милан се закити со европската круна колку да потсети дека во Италија се игра фудбал. Но сето тоа повторно падна во вода.

Не доволно обебзедени стадиони, лоша инфраструктура, не реновирани трибини беа само дел од причините поради кои Италија иако беше фаворит не ја доби организацијата  на ЕП 2012 . Последниот настан е само капка во чашата дали ќе се прелие “живи били па видели“