Со топовска стрелба и со грандиозен огномет на свеченоста во Москва и беше оддадена почит на легендарната јуришна пушка АК 47, попозната како „калашников“, која пред 60 години била изработена лично по барање на Сталин
„Трогнат сум со вниманието со кое ме опсипуваат“, рекол Михаил, на кого му било врачено знаме со натпис “Калашњиковот е гордост, чест и слава на Русија”. Автоматското оружје, кое ширум светот е многу ценето поради својата едноставност и издржливост, стана симбол на Русија, исто како што се водката и крзнената шубара. Во различни верзии „калашот“ е омилено оружје на герилците и армиите ширум светот.
Михаил Калашњиков почнал да работи на својот модел АК – 47 во 1947 година, додека се опоравувал од рани добиени во битка во Втората светска војна.
На свеченост тој објаснил дека неговата иновација била мотивирана од советските неуспеи во првите години од војната.
“Немавме искуство. Покрај тоа Германците имаа автоматски пушки, ние имавме само обични пушки со репетирање, и тоа недоволно за сите војници. Тоа причината што претрпевме толку порази”, рекол Калашњиков.
МП.