Ракометниот клуб Вардар реши две круцијални дилеми во составот, откако го задржа Глеб Калараш и се засили со францускиот голман, Робин Кантегрел.
Калараш подолго време посакуваше да остане во Скопје, а зборот го одржа после најавата за стабилизирање на клубот. Столбот на одбраната најдобрите моменти во кариерата ги имаше во дресот на Вардар и очекувана е неговата поврзаност со македонскиот клуб.
25-годишниот голман Кантегрел, најверојатно, ќе го затвори голамснскиот ростер во екипата на Вардар. Кантегрел кој во Скопје се преселува од екипата на Сесоњ Рен ќе биде партнер на Борко Ристовски и Марко Кизиќ. Големата желба за ангажман на Никола Митревски останува нереализирана и македонскиот репрезентативец продолжува во Порто.
Вардар, вчера, ги продолжи договорите со капитенот Стојанче Стоилов, руското крило Тимур Дибиров и германскиот ракометар Кристијан Дисингер. Официјално заминуваат Сергеј Горбок, Сташ Скубе и Калифа Гедбане.
OhridNews