Офанзивниот фудбалер Антонио Каланоски со еврогол во 35-та минута ја најавија победата на Младост против Ренова 2-1 која е прва за екипата во новата сезона од Првата лига.


Каланоски солопродорот во 35-та минута го круниса со фантастичен подогок кој ги крена на нозе присутните гледачи на „Атина Бојаџи“.

– Се бројат победите и бодовите, а погодоците ќе доаѓаат кога цела екипа игра добро како на мечот со Ренова. Ги послушавме советите на тренерот измеѓу полувремињата и игравме пострпливо за разлика од првиот дел. Оваа победа е од големо значење за подигнување на самодовербата што е многу важна особина за екипата. – рече Каланоски.

Задоволен од победата после мечот беше тренерот на Младост, Кире Стерјов – Им честитам на моите фудбалери за борбената игра до последниот свиреж на судијата. Одигравме добар натпревар, против себе имавме квалитетен противник и мора да бидиме задоволни со исходот. Имавме мал проблем после водечкиот погодок кога паднавме психички, но на крајот покажавме карактер и победивме.

Фудбалерите на Ренова имаа реми во своите раце и неколку шанси за победа, но на крајот охридскиот стадион го напуштија со наведнати глави.

Фудбалот се покажа неправеден овој пат кон нас. Ние игравме, напаѓавме и креиравме шанси, а на крај останавме со празни раце. Имавме „сигурно“ реми и неколку чисти прилики за втор погодок и едно мало невнимание не чинеше пораз кој искрено тешко ни падна. – потенцираше тренерот на Ренова, Ќатип Османи.

Мх.П.