Охриѓанецот Антонио Каланоски следната полусезона во Првата македонска фудбалска лига ќе настапува во Напредок како позајмен фудбалер од Металург.

За офанзивниот фудбалер ова е втора позајмица откако минатата сезона ја мина во второлигашот Локомотива и беше еден од главните виновници што екипата обезбеди опстанок.

Покрај охриѓанецот кичевскиот состав го засилија Владимир Мојсовски, кој дојде од Македонија Ѓ.П. и повратникот Филип Најдовски.

Мх.П.