Фудбалерите на Младост Царев Двор на Атина Бојаџи против Силекс ќе ги бркаат првите бодови во пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига.
„Зелено белите“ минатата полусезона ги совладаа кратовчани (3-1), а годинава исто така меркаат бодови против еден од најстабилните прволигаши.
– Играчкиот кадар ние многу променат, но цврсто и решително верувам во нив. Успеавме да ги добиеме минатата сезона, а со иста таква игра зошто не и уште еднаш. Имаме квалитет само останува да го покажаме и да ги зграпчиме трите бодови. – рече Антонио Каланоски.
Офанзивниот фудбалер беше стрелец на еден погодок во триумфот на Младост над трикратниот шампион во македонскиот фудбал.
OhridNews