Кичевскиот прволигаш Напредок со победата над Локомотива од 5-1 обезбеди пласман во 1/8 финалето од Купот на Македонија.
Антонио Каланоски со два погодоци и Игор Клечкароски со еден ја предводеа „охридската колонија“ кон најдобрите осум во Купот. Останатите два погодоци за „сините“ ги реализираа Вренцоски и Незири.
Каланоски во редовите од Напредок настапува како позајмен фудбалер од Металург додека Клечкароски е ударната игла во нападот во кичевски состав.
Мх.П.