Денеска ќе преовладува променливо облачно време, во попладневните часови на места ќе има појава на краткотраен повремен дожд, повремено со умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди и температура до 18 степени Целзиусови, информираат од УХМР Македонија.

Во петок, според најавите, се очекува сончево време со умерена облачност и температура до 25 степени. Топло ќе биде и во сабота (макс. до 26 степени), но со услови за повремени врнежи од дожд во попладневните часови. Во недела ќе биде сончево и потопло со максимална температура од 20-27 степени.

OhridNews