Читателот Горан Ангеловски, кој за себе вели дека има познавање од оваа област, смета дека надлежните служби не го процениле добро ризикот од изградбата на објектот, а кога станало очигледно што се случува поставиле несоодветна хоризонтална сигнализација.
Според него доколку се работи за времено обележување на коловозот, а воедно и негово стеснување, истиот требало да биде обележан со жолта или портокалова боја, како и да се постават соодветни патокази, како што тоа се прави во светот.
Од локалната самоуправа најавија дека промената на режимот на сообраќај на улицата „Јане Сандански“ е од времен карактер и дека по изградбата на потпорниот ѕид и обезбедувањето на коловозот, сообраќајот ќе се нормализира.