Резултатите од истражувањето спроведено во рамки на проектот „Воспитанието на младите-учениците во летниот период-распуст во охридски туристички амбиент“ кој е реализиран од Локалната самоуправа и посебен истражувачки тим на чело со проф.д-р Драган Јанкоски, ке бидат презентирани во среда, на 2.јуни во 12 часот во салата за приредби на ОУ „Христо Узунов“, соопшти локалната самоуправа.

Презентацијата на резултатите од истражувањето во рамки на спомнатиот проект опфаѓа вкупно 11 теми за кои посебни излагања ке имаат членовите на истражувачкиот тим-експерти од соодветните области. Темите по кои ке стане збор на презентацијата на резултатите од истражувањето се однесуваат на: Предучилишно образование; Основно образование и семејно воспитание; Деца со посебни потреби; Средно образование и сообраќај; Работна училишна практика; Интересот на младите за читање; Асоцијални и деликвентни.

OhridNews