Одговор на ова прашање дава книгата на доц. д-р. Мирјана Крлеска, актуелен директор на ОУ Живко Чинго – Велгошти, Охрид. Таа неодамна го промовираше стручниот труд „Влијанието на политичкиот маркетинг и реклама врз мнението на електоратот.



Промотор на книгата беше актуелниот пратеник во Собранието на Република Македонија, Митре Велјаноски. Тој го истакна значењето на содржината на оваа книга, која според него е успешен пионерски обид во имплементацијата на нови научни сознанија, методи и техники за политичкиот маркетинг и реклама, посебно важни за предизборните политички кампањи. Според него, со ова научно дело авторот ги прави првите чекори во оваа област во нашата држава, при што дефинира и нуди конкретни содржини, корисни за политичките субјекти или политичките кандидати на политичкиот простор во Р. Македонија.


Поздравен говор на промоцијата имаше и градоначалникот Александар Петрески, кој искажа задоволството што научен работник од Охрид е автор на значајно дело од областа на политичкиот маркетинг и реклама.

OhridNewws