Една таква необична појава со својот мобилен телефон забележала туристка од Србија. На фотографијата се забележува силуета на светец со јасно видливи христијански детали како се отсликува во изворските води на Црн Дрим кај „Свети Наум“. Останува дилема дали се работи за феномен, некаква рефлексија или игра на сенки, но фотографијата секако делува мистично.
Не е прв пат да се забележуваат вакви појави, често тоа се случува на камен или дрво, но фотографирјата што ни ја испрати наш читател, кај кого престојувала гостинката од Србија е навистина фасцинантна.
Силуета на светец се појави во изворите во Свети Наум
Свети Наум се упокоил во 910 година. Неговиот гроб се наоѓа во внатрешноста на манастирот. Се верува дека поклонувањето на неговиот гроб носи здравје, душевен мир и спокој.