Работна средба за согледување на состојбите со правата на потрошувачите во областа на туризмот и угостителството ќе се одржи денеска во Струга.  

Целта на средбата што ја организира Министерството за економија е подобрување на состојбите во оваа област и поголема заштита на правата на потрошувачите. Учество ќе земат  претставници на стопанските комори, туристичките здруженија АТАМ и ХОТАМ, Државниот пазарен инспекторат и Организацијата за заштита на потрошувачите.

Ohridnews