Американецот Ник Валенда (35) направи уште еден подвиг, минувајќи по јаже помеѓу два солитера во Чикаго, без никаква заштита. Стартната точка била на висина од 176 метри, а целта на над 200 метри. Вкупно 138 метри тој минал за нешто над 6 минути пред очите на илјадници граѓани на Чикаго.
Вториот, уште похрабар потфат тој го направил со заврзани очи, минувајќи исто така од еден до друг солитер по јаже дистанца од 30 метри.
Подвигот на Валенда се емитуваше на каналот „Discovery“ со задоцнување од 10 секунди, за продуцентите да имаат можност да го прекинат преносот при евентуална несреќа.
OhridNews