Лиза Мари Присли ги шокирала со својата појава посетителите на еден холивудски ресторан каде навратила на ручек. Таа била запуштена, непрепознатлива и со триесет килограми вишок. Никогаш не изгледала полошо, а некои велат дека можеби е трудна со четвртиот сопруг Мајкл Локвуд.

Ќерката на кралот на рокенролот во последно време во медиумите е заради изгледот со кој е далеку од убавицата препознатлива во деведесетите години. Музички проекти кои неодамна ги најави засега се на листата на чекање, а нејзините пријатели велат дека не им се верува дека ова нејзе и се случува. Лиза Мари со тежината се ближи до својот татко Елвис кој водеше долга и тешка борба со килограмите.

ohridnews