Сите осумдесет жители на шпанското село Керезалес дел Кондадо станале милионери благодарение на милијардерот и филантроп Антонио Фернандез кој почина неодамна на стогодишна возраст.
Тој во својот тестамент на жителите од неговото родно село им оставил 200 милиони евра. Секој селанец добил по 2,3 милиони евра, а останатите средства се за реновирање на културниот дом и за локалната непрофитна фондација.
Антонио Фернандез се родил во 1917 година. Го напуштил училиштето на 14-годишна возраст бидејќи неговите родители не можеле да ги школуваат сите 13 деца. На 32 години емигрирал во Мексико и почнал да работи за вујкото на сопругата во фабриката која го произведува пивото Корона. Во седимдесеттите години од минатиот век помогнал Корона да стане најголем бренд во Мексико, но и извозен феномен. Денес ова пиво е второ најчесто увезувано во САД со продажба од 700 милиони долари.
Фернандез бил емотивно врзан за родното село и никогаш не го заборавил. За своето хуманитарно делување тој е одликуван од поранешниот крал на Шпанија Хуан Карлос.
OhridNews