Ракометниот клуб Охрид трета година во низа ќе биде дел од македонската ракометна елита учествувајќи во плејофот од Супер лигата.

Читателите на Ohrid News низ анкета која беше спроведена изминатата недела ги искажаа своите очекувања од „гладијаторите“ во разигрувањето за титулата. 66% од анкетираните лица очекуваат РК Охрид да заврши од 4-та до 6-та позиција, додека 34% сметаат дека охридските ракометари ќе завршат во топ три.

Ракометарите на Охрид првиот меч од плејофот го играат денеска со почеток во 19 часот, а прв противник ќе им биде актуелниот шампион на Македонија и Европа, Вардар.

Минатата сезона „гладијаторите“ завршија на третата позиција после Вардар и Металург и обезбедија пласман во Купот на ЕХФ, додека во првото учество финишираа на петтото место и не изборија учество надвор од границите на нашата земја.

OhridNews