Градоначалникот на Охрид да одговори на прашањата окол доградба на комплексот Летница. Дали е вистина дека заработката од овај комплекс со некаде 5000 метри квадратни е 13 до 15 милиони евра, и колкава е заработката на олигархијата на СДСМ од оваа зделка и што ќе направи градоначлникот и советот за таа работа да се спречи, праша Алексндар Николоски, охридскиот пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ .
– Досега не сме добиле одоговор освен политички квалфикикации. Се надевам дека ќе добиеме одговор за тоа каков ќе биде изгледот на градот во најсторогото и најзаштитното подрачје во градот, не заради мене, туку заради граѓаните на Охрид. Она што очекувам е дека плоштадот ќе остане ваков како што го познаваме и дека соодветните институции соодветно ќе реагираат – рече Николоски
Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески на обвинувањта на Николоски , рече дека планот за “Летница“ е донесен во 2001 година кога премиер беше Љубчо Георгиевски од ВМРО – ДПМНЕ , а друг беше градоначалник на Охрид.
– Ништо од тој план настрана не се прави. Во “Летница“ се планира санација на тој простор, а на местото кај „Мекдоналдс“ ќе се изгради црква. Тој план е под надлежност на заводот за заштита на споменици под министерството на култура, а не е под општината. Штом тој план го заврши Заводот ние ќе го изложиме пред граѓаните кои ќе може да дебатираат. Не станува збор за никави трговски центри, за некаво изменување на „Летница“ и нема сигурно да се оди ниту во ширина ниту во висина. Тоа е измислено за да се дефокусира јавност од проектот Скопје 2014. „Летница“ ќе го зачува автентичниот лик – истакна Петрески.
По направените проверки во училиштата, утврдено е дека сите дојави за поставени екплозивни направи се лажни, а учениците се вратени на настава Родителите да се чувствуваат безбедно бидејќи сите мер...
Стилот и квалитетот се секогаш во мода, а дополнети со исклучителни цени се прав избор за секој купувач Не пропуштајте го попустот што и овој февруари го нуди бутикот „Емили“ во трговскиот центар А...
Уште еден голем меѓународен успех на охридските бреинобреин генијалци на 13-от Интернационален Бреионобреин натпревар кој се одржа на онлајн платформата Во конкуренција од 23128 илјади учесници од ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.