Со трибината завршува семинарот за јакнење на капацитетите за развој на планинскиот туризам, што се одржува во организација на Црвен крст Охрид и
Канцеларијата на професионални водачи на планина во Охрид, а во
соработка со Локалната самоуправа од Охрид, Националниот парк Галичица
и Македонската асоцијација на интернационални водачи на планина.
Во анализата на
постоечките капацитети за развој на планинскиот рекреативен туризам во
Охрид, како и изработка на концепт со предлог мерки за одржлив развој
на истите, ќе учествуваат професионални водачи во планина од Македонија
и од странство, туристички работници, претставници од ЈУ Национален
парк Галичица и од други национални паркови во Македонија, претставници
на Локална самоуправа на Охрид, претставници на државни институции,
агенција за развој на туризам.