Сте дошле на работа, а се чувствувате како да ве тепале цела ноќ и не можете да ги соберете мислите…е, па тогаш направете нешто од ова.

Временските прилики и неприлики често предизвикуваат лош сон, а кога на тоа ќе се придодадат лошите навики како легнувањето во кревет доцна, гледање телевизија долго во ноќта и стрес на работата и дома, вистинско чудо е да има некој кој наутро станува полн со енергија.

За вас кои не спаѓате во тие среќници, еве неколку совети како на брзина да ја обновите енергијата, а притоа да не се натрупате со шеќери или соли и лоши јаглени хидрати –  значи нема грицки и пецива, а уште помалку слатки.

 

Направете си шолја зелен чај, тој ќе ви го хидратизира организмот, а со својата мала количина кофеин и теин ќе ви ја даде потребната енергија без претерано да ве крене, како на пример голема шолја кафе.

Друг, еднакво добар избор се бадемите. Една рака бадеми ќе ви го подигне нивото на енергија подобро и од зелен чај и притоа ќе ве заштити на здрав начин – енергијата ќе дојде постепено, но ќе остане долго присутна.

За крај, еден рецепт кој е најбрз од сите – ставете две капки есенцијално масло од грејпфрут во хартиено марамче и вдишете го минута до две. Тоа масло е познато по енергетската ефикасност па е омилен совет на секој ароматерапевт.

 

извор:metro-portal.hr