Стрии има речиси секоја жена, особено оние кои родиле или имале големи промени во тежината. Тие неможат целосно да се отстранат,но може да се намали видливоста.
Стриите се незгоден потсетник на деновите кога сте имале повеќе килограми, а кожата едноставно тоа неможела да го издржи. Еве неколку совети за ублажување, за да можете мирно да одите на плажа.
За почеток, направете природен пилинг на кожата – за време на туширањето нанесете мешавина од маслиново, бадемово или кокосово масло и крупна сол или шеќер. Со дланките нежно тријте ја кожата за со неа да ги отстраните мртвите клетки и да овозможите нејзино обновување. Постапката повторувајте ја барем два пати неделно.
После туширањето на местата погодени со стрии нанесете алое вера гел, добро втријте го и оставете да се впие.
На крај, секој ден пред спиење подрачјето на кое се појавиле стриите мачкајте го со маслиново, бадемово или кокосово масло. Со дланките и врвовите на прстите масирајте го подрачјето околу 5 минути.
Не мора да купувате скапи кремови, само бидете доследни.
извор:metro-portal.hr