Презентација на истражувањето за менаџирање со охридската архитектура  на арх.Тамара Аммерлаан од Холандија, ќе се одржи денеска во просториите на општина Охрид. Ова истражување е дипломска работа на г-га Аммерлаан, дипломец на еден од најпрестижните европски универзитети за архитектура од Амстердам.

На презентацијата ќе учествуваат архитекти од јавните институции од Охрид, други архитекти и преставници на холандската амбасада во Скопје. Свое излагање ке има Сјоерд Оомс – проект координатор на општина Аммстердам, кој ќе покаже пример за заштитата на оригиналната архитектура во Амстердам.

Инаку, токму Амстердам е еден од водечките градови во светот кој ги разработил  архитектонските граници без да го доведе во прашање културното наследство.

Ohridnews