Негата на косата подразбира правилна нега која покрај одредени препарати го вклучува и начинот на сушење.
Експертите се на мислење дека многумина најчесто грешат кога е во прашање сушењето на косата. Во што е тогаш проблемот? Кои се тие грешки кои треба што побрзо да ги исправите и потоа вашата коса ќе биде неодолива? Прво што треба да направите е да заборавите на сушењето со пешкир.
Погрешно е да ја триете косата со пешкир, а покрај тоа што така се крши, чешлањето станува потешко бидејќи косата се заплеткува. После миењето потребно е да ја исцедите косата така што со прстите лесно ќе ги повлекувате прамените спрема врвовите. Нема да згрешите ниту ако ја завиткате во пешкир и лесно го втиснете и го оставите пешкирот завиткан барем 10 минути.
Пешкирот е важен бидејќи со негова помош доаѓа до впивање на водата. Кога ќе завршите со овој дел од процесот на сушење, на ред доаѓа расчешлувањето. За да имате помалку проблеми со заплеткана коса, потребно е да користите широки четки и да се чешлате од крајот кон темето, лесно и без никаков притисок.
Косата треба да ја чешлате се додека не стане мазна. Сега може да продолжите понатака со обликување на косата и фризурата која ја сакате, без ризик дека косата после неколку сушења ќе изгледа како коса каква што некогаш имала вашата барбика.
извор:savjetnica.com