Младата американска пејачка, Тејлор Свифт, признава дека честопати ја фаќа трема, а најголема трема чувствува на настапите на фестивали на кои луѓето не доаѓаат да ја видат само неа. Таа раскажува и како се ослободува од непријатното чувство.
“Многу сум нервозна пред настап. Неколку минути пред да излезам од гардеробата разговарам сама со себе во огледало, и си велам дека се ќе биде добро. Се уверувам себеси дека публиката нема да ме гаѓа“, раскажува 22-годишната Тејлор.
Младата кантри пејачка, и воедно една од најголемите пејачки ѕвезди на денешницата, додава дека тремата е значително помала на нејзините концерти, бидејќи знае дека луѓето ги купиле картите за да ја слушаат неа.