Најпрво земете моливче за очи во боја на тушот за очи и со него повлечете линија од внатрешниот агол на капакот према надвор. Влечете полека, веднаш до трепките. Важно е да се напомене дека не е потребно да се извлекува косина со моливчето, важно е да се повлече линија веднаш до трепките.
Извлекувањето на линија со моливче се прави полека, па дури и ако згрешите, лесно ќе ја исправите грешката. Доволно е при рака да имате спремна чепкалка за уши. Не е потребно да ја бришете целата линија, само оној дел кој не ви одговара, делот каде сте погрешиле. Се разбира, користете моливче со иста боја како и бојата на тушот.Дури кога сте задоволни со повлечената линија можете да преминете на тушот за очи.
Тоа ќе го направите така што со тушот само ќе ја повторите линијата која сте ја повлекле со моливчето. Слободно олеснете си ако тоа го правите прв пат, така што ќе го ставите огледалото на маса и потпрете ја раката на масата додека ја цртате линијата. Цртањето додека рацете не ни се потпрени, кога се шминкаме пред големо огледало во тоалетот, има за последица нестабилна рака, додека ако раката е потпрена цртањето е полесно.
Земете го тушот и започнете да ја прекривате со туш линијата која сте ја исцртале со моливчето, од внатрешната страна на окото кон надворешната.
Окото нежно затегнете го према надвор за да не се ствараат брчки. Извлечете коса црта према надвор. Најлесно ќе ја извлечете ако ја замислите како продолжение на долните трепки. Колку ќе биде долга линијата, проценете сами.
Во почетокот не е добро да се претерува додека не добиете малку повеќе сигурност кога е во прашање праксата. Одредете ја средината на линијата со тушот и спојте го крајот на малата закосена линија која се наоѓа на местото каде што се спојуваат капаците со средината на капакот. Празнината едноставно исполнете ја со туш.
извор:zenstvena.com