Како што и беше најавено, терасата „Аквариус“, самоиницијативно, почна со отстранување на платформата од Охридското езеро. Ваквиот чекор од страна на сопствениците на овој познат локал беше најавен на почетокот на месец август, на прес конференцијата по повод изложбата посветена на 30-годинишнината од ликовното творештво на еминентниот уметник Драган Спасески Охридски.
Како што тогаш изјави градоначалникот Константин Георгиески, сопствениците на „Аквариус“ први испратиле писмо до локалната самоуправа на повикот за заштита на градот, во кое било изнесено дека ќе ја отстранат платфортмата, со цел креирање на еден нов Охрид.
„Аквариус“ ќе постане центар каде ќе започне ревитализирањето на Охрид, односно на негово реконструирање. Ова место ќе биде дел од еден нов почеток на Охрид, зелен Охрид, еколошки Охрид, град со едрилици и безмоторни возила, со плажи достапни за сите граѓани и посетители кои ќе можат да чекорат низ стариот дел на градот, рече уметникот д-р Драган Спасески Охридски.
Платформите во езерото се само дел од процесот за уредување на градот согласно барањата на УНЕСКО.
Т.К.