Ако и не сте спиеле баш премногу, овие неколку трикови ќе ви го дадат она што го сакате – свеж и одморен изглед, како штотуку да сте се вратиле од одмор.
Бјути триковите за свеж и одморен изглед не се така комплицирани како што може отпрво да изгледа, па така започнете со чистење на лицето со безалкохолен лосион кој нема да ви ја исуши кожата, туку ќе и ја задржи свежината и влажноста во текот на целиот ден.
После тоа следи тониран крем наместо тешка течна пудра, бидејќи не е претерано упадлив и му дозволува на лицето повеќе одмор.
Пудрата во прав ќе направи се што треба за да го матирате лицето, а и нека биде во чантата за секој случај, ако некои делови од лицето почнат да светат во текот на денот.
Минералната и обичната вода ќе ве освежат и ќе ви дадат доволно сила за целиот ден во загушливата канцеларија, со уште неколку длабоки вдишувања на свеж воздух за време на паузата ќе издржите до крај на работното време свежи и одморни.
извор:metro-portal.hr