Изгледот можете да го промените во време побрзо од она што е потребно за ставање фотографии на социјалните мрежи. Се работи за мали трикови за убавина со кои ќе се чувствувате помладо, попривлечно и подобро.

Еве што се можете да направите на брзина:

Веѓи од кои ви застанува здивот
Можеби не сте размислувале за веѓите како некој многу важен детаљ на лицето, но правилно обликуваните и полни веѓи ќе направат чуда за изгледот. Доколку сакате да го подобрите за миг, со моливче за веѓи исцртајте ги и направете ги погусти. Ефектот нема да изостане.

Нанесете руменило во крем
За нанесување руменило во крем на лицето, треба да имате повеќе вештина отколку за пудрестата верзија. Но, еднаш кога ќе го усовршите неговото нанесување и сакате за миг да му дадете сјај на вашиот изглед, ставете на образите малку кремасто руменило.

Свиткајте ги трепките
Долгите и густи трепки ги нагласуваат очите и им даваат посебен шарм. За брзо поправање на изгледот ова е супер трик.

Нанесете на телото хидратантен бронзер
Некои креми за заштита од сонце даваат убав сјај. Знаат да бидат збогатени со шеа путер, а на кожата и даваат природен изглед и убав сјај.

Нанесете коректор
За да ги отворите очите и да ги сокриете темните кругови, се што ви треба е коректор на подчниците, а после овој бјути трик за момент ќе изгледате посвежо.

Направете лесен пилинг на усните
Доколку нанесете сјај или кармин на испуканите усни, ефектот би можел да биде доста лош па може да изгледате и постаро. Лесен и брз пилинг на усните ќе ги отстрани мртвите клетки, а потоа тие се спремни за сјај.

 

извор: tportal.hr