Охридските ракометари имаат серија од две победи по ред во Супер лигата, а пречка за продолжување на низата е екипата на Тинекс Пролет.


– Размислуваме само на победа и на ништо друго. Подготвени сме за борба и „наоштрени“ сме за игра за тимот на Тинекс Пролет – рече Иван Тасески.


Поразот од Пелистер во петтата рунда не ги залажува охридските ракометари кои имаат „два од два“ во „Билјанини Извори“.

– На тоа не ни рачунаме туку ги гледаме само нашите резултати. Во „Билјанини Извори“ секогаш сме фаворити и во двата претходни натпревари го оправдавме тоа – додаде Тасески.


Сезонава нападот функционира беспрекорно, а и одбраната е на тие патеки пред мечот со Тинекс Пролет.

– Одбраната полека, полека наликува на онаа од минатата сезона кога беше нерешлива енигма за нашите противници. Нападот пак нека го има главниот избор, но, одбрана не смее да потклекне во ниту еден момент – заврши Тасески.

Натпреварот се игра во 18 часот, а мечот ќе го водат гостиварските судии Зипески и Ѓоргиоски.

Мх.П.