Ковид кризата ги промени нашите животи, ги промени навиките, начинот на кој размислува(в)ме за здравјето и се лекуваме. Како никогаш до сега, вистински доброто здравје и силниот имунолошки систем се важни во битката со опасниот коронавирус Ковид 19. Како да го зачуваме и негуваме здравјето, кои се ризиците и предизвиците кои ги носи есента, прочитајте во новиот број на магазинот за здравје и современ живот „Наше Здравје“ на аптекарскиот бренд „Виа Фарм“, кој излезе од печат деновиве.

Во есенското издание „Наше Здравје“ донесува разговор со Д-р Зоран Крстаноски – уролог специјалист, кој се осврнува на дел од најчестите проблеми од областа на урологијата со кои се соочуваат пациентите, а неодминлива тема е и актуелната здравствена криза која значајно ги оптовари здравствените системи во регионот и во Европа. Експертите од очната болница „Деница“ се осврнуваат на катарактата како сериозна опасност за трајна загуба на видот. Д-р Митов пишува за атеросклероза како најчеста причина за мозочен и срцев удар, а во рубриката „Родители и деца“ се поместени интересни теми од областа на физичкото и менталното здравје на најмладите. Секако тука се секогаш корисните совети на стручниот тим на Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ и неодоливите рецепти за здрава храва на ресторанот „Виа Игнација“.

„Наше Здравје“ може да го најдете во аптеките на „Виа Фарм“ во регионот.

OhridNews