Интересно е да се напомене дека многу жени избегнуваат да стават руменило иако токму тоа помага кај подобро истакнување на лицето и нагласување на предностите и сокривање на недостатоците. Меѓутоа за саканиот изглед потребно е да знаете мали тајни на големите експерти кои можат да ви ја олеснат работата.
Познавањето на основните информации за самиот процес на шминкање го олеснува патот до саканиот изглед. Треба да се има во предвид дека руменило не смее да има премногу, бидејќи ќе изгледате смешно, а не убаво. Пред да започнете да се шминкате проверете дали имате широка четка.
Токму таа е идеална за негово нанесување. Освен што четката треба да биде широка, нејзините влакна исто така треба да бидат меки и прилагодени за идеално нанесување на лицето на секоја особа. Поголемиот дел четки не одговараат и затоа треба да се проверуваат.
Откако ќе нанесете пудра, земете четка и со неа земете од руменилото во прав. Пред да го ставите руменилото на лицето, истресете ја четката од хартиено марамче за да го отстраните вишокот. Започнете да нанесувате од јаболчниците према ушите.
Ако повеќе го сакате руменилото во крем, обидете се да го нанесете со прсти со исти потези како што е објаснато претходно. Потребно е само да изберете идеална нијанса која ќе се усогласи со вашата боја на лице.
Ако имате посветла боја на лице одлучете се за розева нијанса. Ако имате потемна боја на кожата изберете руменило со боја на праска, а за маслинест тен се препорачува кафена нијанса на руменило.
Во случај да сте исцрпени и сметате дека би требало да ја појачате бојата на лицето, обидете се со мал трик. Ставете руменило над веѓите,покрај работ од косата или малку на челото. Внимавајте само да не е премногу.
извор:savjetnica.com