Поради убавите нокти и вашите раце веднаш изгледаат поубаво, а на тој начин добивате совршена целосна слика. Не е доволно само да се исечат ноктите, потребно е да водите сметка за нивната нега како би биле беспрекорни и на крај што полесно да ги разубавите со лак за нокти со боја по ваш избор.
Покрај вообичаените проблеми, како што е разлистувањето на ноктите, кутикулите, не треба да заборавите дека некои жени се жалат дека ноктите не им растат доволно брзо. Причината за тоа треба да ја бараме во начинот на живот и очигледниот недостаток на витамини поради кој доаѓа до слабеење на имунолошкиот систем.
Постојат методи со кои можете на природен начин да го забрзате растот на ноктите, а тие вклучуваат зголемена количина на вредните и неопходни витамини А и Ц. Во секојдневната исхрана би требало да ги вклучите сите намирници кои изобилуваат со витамин А. Освен нив не треба да заборавите на цитрусите кои помагаат во производство на колаген, а со тоа побрзо растат ноктите. Витаминот А е важен бидејќи игра голема улога кога е во прашање здравјето на ноктите.
Зачестениот маникир е вистинскиот пат кон побрз раст на ноктите поради тоа што поттикнува подобра циркулација на крв во ноктите. Експертите се согласуваат дека е доволно да ги маникирате ноктите секои две недели, за на крај резултатот да биде задоволителен.
Покрај витамините А и Ц, важно е да го зголемите внесот на сите намирници кои во себе имаат доволна количина на витамин Д и неопходни протеини. Докажано е дека недостатокот на витамин Д влијае на бавното растење на ноктите. Сега знаете што треба да правите.
Постои уште еден метод кој може да ви помогне, а тој вклучува лимон и лук. На ноктите е потребно да нанесете лук и да го оставите да отстои барем 5 минути. После тоа измијте ги рацете и на ноктите ставете сок од лимон. Споменатите намирници ќе ви помогнат ноктите побрзо да растат.
Добро е што постојат природни методи со кои можете да си помогнете, а за нив ви треба мал дел од вашето време и добра волја. Вашите нокти заслужуваат секогаш да бидат убави и негувани, а на крај од денот тоа остава слика за вас.
извор:savjetnica.com