Цунами незабележано на овие простори, ќе биде предизвикано од разорен потрес со епицентар во Јадранското море, по што огромен бран точно во 04,02 часот наутро ќе ги погоди балкански држави. Ова е дел од компјутерската симулација што во рамки на вежбата на Центарот за истражување на државниот универзитет во калифорнискиот град Сан Диего, ќе се одржи денеска.
Виртуелен земјотрес и цунами на 30 март ќе ги погодат Македонија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово, “убивајќи“ десетици илјади луѓе и оставајќи зад себе пустош и хаос.
Вежбата со работен наслов “Х24 Европа” научиците ќе ја изведат со цел да ја испитаат моќта на социјалните медиуми и користењето на можностите на интернетот за време на операциите за ублажување на последиците на катастрофите. Научниците ќе го следат протокот на информации и активности со цел да се ублажат последиците од кризата во меѓународната заедница во реално време, за време на првите 180 денови од симулирањето на природната катастрофа.
OhridNews