Подочниците дефинитивно не се украс на нашето лице, уште повеќе,често укажуваат на тоа дека не сме се наспале доволно, па луѓето тоа го поврзуваат со неуреден живот. Се разбира, болести, алергии, сонце и генетика имаат удел кај некои, но и недостатокот од сон, кафе и алкохол ќе направат еднакво лоши темни кругови околу очите.
Како да се ослободиме од нив? Еве неколку совети, а може да започнеме со витаминот К. Кремовите за очи кои го содржат овој витамин можат многу да помогнат кога се во прашање подочниците. Витаминот К уште подобро делува во комбинација со ретинол. Но, малку веројатно е дека ќе најдете производ кој ги содржи двата елементи. Затоа наизменично користете креми кои имаат ретинол и витамин К. Попатно, ретинолот ќе ви помогне и кај брчките.
И алергиите може да предизвикаат насобирање на крв близу тенкиот слој на кожа под очите, поради што настануваат темносини перничиња. Триењето на очите поради алергии само ќе одмогне. Држете ги алергиите под контрола со антихистаминици и анти-алергиски капки за очи.
На крај, корисни можат да бидат и кремите за сончање. Имено, премногу сонце има контраефект кој само допринесува за настанување на подочниците. Секојдневно користете квалитетни креми за сонце и тоа особено оние кои се безбедни за нанесување врз деликатната кожа под очите.
извор:metro-portal.hr