Една од најголемите српски ѕвезди – Лепа Брена дала интервју за хрватското списание “24 часа“ и по прв пат го објаснила потеклото на својот прекар. Иако повеќето луѓе биле убедени дека покојниот Милован Илич Минимакс е кум на нејзиниот прекар, вистината е дека Брена е “родена“ уште во основното училиште!

-Се викам Фахрета од раѓање. Името Брена ми го даде тренерот Владо уште кога одев во основно училиште. На тренерот му беше комплицирано да ме вика Фахрета. Играв центар или бек. Моите другарки беа Мила, Ката…Сите со некои кратки имиња. И еден ден тој ми рече:„Јас ќе те викам Брена“. И јас му реков: „Која е таа Брена?!“. Како прво-глупаво име. Мислам, од сите имиња кои можеа да бидат поубави?!- раскажува Брена и додава дека многу години подоцна, Минимакс и го додал епитетот “Лепа“.


– Мојот прв настап го стави во својата емисија и најави:„Сега ќе видите што ќе се случи кога ќе запее Лепа Брена“. И тој ден целата нација ме запозна како Брена. Не го сакав тоа “Лепа“, бидејќи не мислев дека на тој начин сум убава – изјавила пејачката.