Некои жени сакаат подолга коса, некои пократка. Какви и да се вкусовите, сите сакаат кога косата е здрава, негувана и убава. Додека некои водат грижа за сувата и оштетена коса, други водат грижа за должината на косата. Веројатно многупати во животот ви се случило да одите на фризер и одеднаш сте се одлучиле да се потстрижете повеќе отколку што претходно сте имале намера.
Често знае да се случи вашиот фризер да не разбрал добро што сте сакале и погрешно да ве потстрижал, а дома сте заминале со насолзени очи бидејќи тоа не е фризурата која всушност сте планирале да ја имате.
Сепак, за сите тие мали грижи има решение кое би требало да ви се допадне. Имено, се работи за визуелно продолжување на косата со неколку трикови.
На вас е само добро да научите да ги правите триковите и правилно да ги сфатите советите.

Ако имате кратка или нешто подолга коса до рамената, за да ја продолжите, ќе ви помогнат препаратите за израмнување на косата. Таквите препарати најчесто се наоѓаат во облик на серум или масло за коса кои ја прават сјајна и изразено рамна.
Ви советуваме да не претерувате со нанесувањето на маслата бидејќи косата ќе ви се замасти.
Важно е добро да ги нахраните врвовите на косата бидејќи тој дел од косата е најсув и склон е на често пукање. Испуканите врвови и даваат на косата пократок изглед, па би требало да се погрижите да ги отстраните или оздравите со хранливи маски и серуми.
Освен препаратите, во рамнењето на косата ќе ви помогне и пеглата за коса. Пред рамнењето на косата со пегла, на косата нанесете средство против топлина за да ја заштитите косата и тогаш започнете со пеглањето.
Температурата на пеглата не би смеела да биде пресилна ниту прениска за правилно да ја израмните косата. Кога ќе бидете готови, ќе забележите дека косата ви е многу порамна отколку кога е во својата природна состојба.

 

извор: zanosna.com