Фудбалскиот клуб „Лабуништа“ успешно помина во дебитанската полусезона во Втората македонска фудбалска лига-запад завршувајќи на шестата позиција со 19 бодови, но проблемите започнаа по завршувањето, откако од клубот заминаа Извршниот директор и главен спонзор, Адем Нуроски и претседателот Сафет Демиралиески. На Нуроски и Демиралиески им дојде преку глава од лажните и неисполнетите ветувања на луѓето од Лабуништа и немањето слух за поддршка на фудбалската гордост. Допис до спортската редакција на Ohrid News за случувањата на клубот стигна од Скендер Таири, поранешен тренер и член на сите структури во Фудбалскиот клуб Лабуништа.
– Да зборуваме за Фудбалскиот клуб “Лабуништа 2011“ од село Лабуништа, а не го споменеме името на Адем Нуроски, ќе направиме една голема неправда, пред се човечка. Имено, овој млад и успешен бизнисмен кој со својата фирма „Електро – Промет“ позната во Струга и целиот регион, го достигна она за кое многумина мечтаат, ги спои способноста и професионализмот во бизнисот, со што стана еден од нај успешните млади бизнисмени во регионот. Развивајќи се во бизнисот, паралелно реши да се испроба и во фудбалот, неговата животна опсесија, вљубен уште од младите години во фудбалот и фудбалската игра. Еден сончев ден во агвуст 2011 година, со симпатизерите од селото Лабуништа го формираат Фудбалскиот Клуб „Лабуништа“. Започна маратонот за Адем и другарите, маратон кој требаа да го истрчаат, маратон кој започна во Општинската фудбалска лига – Струга, продолжија во Третата лига Југо-запад, цели 5 фудбалски сезони се натпреваруваа во третата лига Југо-запад, пат кој беше со доста падови и успони, со тага и радости, но сепак фудбалот се играше во село Лабуништа, стадионот кај месноста Калишта грмеше од навивачката група, од Гмечерите. Адем секогаш беше на првата линија и кога врнеше и кога сонце го грееше клубот. Во ниеден момент не помислуваше да се повлече, и тогаш кога му беше најтешко на клубот тој беше човекот кој му даваше поттик, морал на сите околу и во клубот. Човекот имаше визија, визија дека ФК “Лабуништа 2011“, и селото заслужуваат поголеми дострели во фудбалот. Знаеше дека за тоа треба повеке инвестиции и инвестираше, не застана и се исплатеше, бидејќи клубот во 2016/2017 сезона обезбеди пласман во Втората лига. Селото и Општината Струга славеа, после долго време добија два второлигаши, еден од нив ФК „Лабуништа 2011“ се оствари сонот на Адем и селото, Лабуништа доби второлигаш, шест годишното инвестирање во клубот и фудбалот се исплатеше. По овој голем историски успех сите од селото најавуваа поддршка, помош за клубот од секаков аспект, се работи за Втора лига, поголеми трошоци, се донесоа поквалитетни фудбалери, тренер, котизации, друг терен за одигрување на натпревари, со еден збор многу, многу поголеми трошоци од претходно. Адем чекајќи го селото да направи голем маневар околу заедничко финансирање на клубот во Втората лига-запад, пак сам излезе на фудбалскиот маратон. Се погрижи околу уредувањето на стадионот на ФК „Караорман“ од Струга, каде екипата ги играа второлигашките натпревари, во ангажирањето на нов тренер, фудбалери и се друго потребно за клубот. И покрај се во есенскиот дел од втората лига Запад се остварија солидни резултати, не се во критична зона, опстанокот ќе се обезбеди. Играчите со стручниот штаб се на заслужен одмор, Адем не, се труди со сиот свој елан и способност да го вклучи и селото во финансирање на клубот во пролетниот дел на Втората лига запад. Но, залудно се закажаа два состаноци со бизнисмени од селото кои состаноци доживеаја фијаско, а претходно најавуваа голема финансиска помош. Зар во село од околу 10 илјади жители никој не сака рака да му подаде на фудбалот, никој не сака да му помогне на гордоста на селото, на фудбалскиот клуб кој го прочу името Лабуништа во Македонија и пошироко. Пак Адем остана сам. Остана сам од сите што обеќаваа дека на овај или онај начин ќе финансираат во клубот.
На Адем Нуроски не му остана ништо друго освен да го напушти клубот кој го гледаше како свое чедо. За клубот даде повеќе пари и посвети време, отколку за својата фамилимија. Тоа и се случи се повлече од позицијата Извршен директор и замина од клубот, кој допрва ќе треба да се организира и продолжи онаму каде што застана, без душата и срцето на клубот, Адем Нуроски. – стои во соопштението од Скендер Таири.
OhridNews