До 2050 година се очекува огромен пораст на воздушниот сообраќај, како за загадувања предизвикани од авионите. Поради тоа потребно е да се направат големи промени кои ќе ги решат спорните проблеми во иднина. Но, колку ради кални промени ја очекуваат на авио индустријата? Многу важен чекор е екологизацијата, односно, конструирањето авиони кои во потполност би работеле на струја. Така во целост би се спречило емитирање на нитроген оскид и јаглен диоксид во атмосферата. Единствена препрека е прашањето колави акумилатори би морале да имаат авионите за да имаат даволно струја за еден лет.

Следен чекор е интегрирањето на систем кој би овозможил потисок во било кој правец. На тој начин пропелерите и задното крило би биле потполно непотребни, а така значително би се намалила тежината на авинот. Крилата кои ги имаат денешните авиони го достогнаа врвот кога е во прашање аеродинамиката, но таквата структура е стара речиси цел век, додека технологијата од тогаш значително напредувала. Не е потребно да бидат толку цврсти и рамни структури, туку е веројатно дека авионите во иднина ќе имаат закривени крила за уште поефикасна аеродинамика.