Иако Google е една од најголемите компании во светот, нејзините менаџери никогаш не заборавија на среќата на своите вработени и на тоа како тие се чуствуваат на работното место.

Новото седиште на Google во Лондон има површина од 15.000 метри квадратни и во него вклучува теретана, салон за масажа, градина и многу други работи, а дизајнерите кои работеле на интериерот имале целосна слобода да направат работна околина која ќе ја зголеми креативноста и продуктивноста на вработените.

Иако многумина мислат дека многу слободно работно опкружување би придонело вработените лесно да се деконцентрираат, Google преку пример го докажува спротивното.