Европската куќа на фудбалот (УЕФА) го објави идеалниот тим на 2020 година одбран од навивачите. Во анкетата спроведен на интернет страната на УЕФА учествувале 6 милиони љубители на фудбалот.
Најмногу гласови во тимот на годината добил Роберт Левандовски, кој претходно од УЕФА и ФИФА беше прогласен за играч на годината. Покрај полскиот голгетер во нападот се наоѓаат Лионел Меси и Кристијанор Роналдо.
Очекувано, најмногу претставници има од Баерн Минхен. Германскиот клуб ги освои сите трофеи каде што се натпреваруваше.
Тимот на годината е составен во формација 4-2-3-1.
- Идеалниот тим одбран од навивачите:
Голман: Мануел Нојер (Баерн Минхен)
Одбрана: Џошуа Кимих (Баерн Минхен), Вирџил ван Дајк (Ливерпул), Серхио Рамос (Реал Мадрид), Алфонсо Дејвис (Баерн Минхен)
Среден ред: Тијаго Алкантара (Ливерпул), Кевин Де Брујне (Манчестер Сити), Нејмар (ПСЖ)
Напад: Лионел Меси (Барселона), Кристијано Роналдо (Јувентус), Роберт Левандовски (Баерн Минхен)
OhridNews