Данскиот ракометар Ласе Бојсен во преме на пандемијата е исклучително активен на социјалните мрежи. Боксен составуа идеални тимови, клупски и репрезентативни. Последната негова објава е поврзана со македонската репрезентација. Бојсен го составил идеалниот тим, во кој ги избирал меѓу ракометарите кои играле за Македонија од 2000 година наваму.
Селектор на тимот е Звонко Шундовски кој ја предводеше од клупата Македонија до петтото место на Европското првенство во 2012 година.
Голман на овој тим е Борко Рисотвски, на крилните позиции се Стевче Алушовски и Гоце Герогиевски, во бековската линија Кирил Лазаров, Наумче Мојсовски и Филип Миркуловски, пивот е Стојанче Стоилов, а дефанзивец Ацо Јоноски.
OhridNews