Селекцијата на Италија го освои трофејот на Европското првенство кое се одржа во 12 градови во 12 земји и очекувано доминира во изборот на идеалниот тим на турнирот.
Вкупно пет фудбалери во идеалниот тим доаѓаат од италијанската репрезентација. Голманот Џанлуиџи Донарума, дефанзивците Леонардо Бонучи и Леонардо Спицанало, играчот за врска Жоржињо и Федерико Киеза се „азурите“ во идеалниот тим. Три свои претставници има Англија. Дел од најдобрата 11-ка се Кајл Вокер, Хари Мегваер и Рахим Стерлинг. По еден репрезентативец имаат Данска (Пјер Емил Хјоберг), Белгија (Ромелу Лукаку) и Шпанија (Педри).
Во изборот на УЕФА учествуваат поранешни фудбалери и селектори, новинари и фудбалски работници.
Идеалниот тим:
Голман: Џанлуиџи Донарума (Италија)
Одбрана: Кајл Вокер (Англија), Леонардо Бонучи (Италија), Хари Мегваер (Англија), Леонардо Спинацола (Италија)
Среден ред: Пјер Емил Хјоберг (Данска), Жоржињо (Италија), Педри (Шпанија)
Напад: Федерико Киеза (Италија), Ромелу Лукаку (Белгија), Рахим Стерлинг (Англија).
OhridNews