Илјадници мигранти се обидуваат да преминат на македонска територија од Грција. Границата е под силно полициско и воено обезбедување поради се поголемиот број мигранти кои доаѓаат од југ. Македонското министерство за надворешни работи упати апел до Европската унија да се вклучи во решавањето на хуманитарната криза. Како изгледа ситуацијата на јужната граница покажуваат овие снимки од дрон на телевизијата “Russia today”. Бегалската криза на границата со Грција ја следат бројни медиумски екипи од земјава и светот.

OhridNews