На две трки од крајот на сезоната Луис Хамилтон ја обезбеди титулата во Формула 1 шампионатот. Пилотот на Мерцедес не губеше премногу време за прославата на четвртата титула во кариерата.
Тој со приватен авион заедно со своите луѓе од фамилијата и пријателите отпатува во Мајами, Америка од Мексико каде се забавуваше до раните утрински часови. Хамилтон својот провод заедно со фамилијата и пријатели во повеќе наврати го емитуваше во живо на социјалните мрежи.
Со четвртата титула Британецот се изедначи со Алан Прост и Себастијан Фетел. На врвот во историјата на Ф1 останува Михаел Шумахер со седум титули, а второпласиран е Хуан Мануел Фанџио со пет трофеи.
OhridNews