Илинденскиот пливачки маратон кој традиоционално се одржува на 2 август ќе го скрши мразот ова лето во Охрид, а можеби и во поблискиот регион кога се однесува на спортските настани поврзани со пливањето.

Пливачките натпревари заклучно со 31 јули беа одложени од страна на ФИНА поради глобалната криза предизвикана од вирусот ковид -19. Мерките и протоколите за одржување на пливачки настани се строги и апсолутно треба сите да ги почитуваат за избегнување на несакани последици.

Илинденскиот пливачки маратон ќе биде вовед за два маратони кои ќе се одржат во втората половина од август месец. Прв на програмата на 22 август ќе биде Ултра маратонот на 25 километри, додека на 30 август ќе се одржи 10-километарската трка од светската серија.

Обврски на организаторите:

Да се означи место каде ќе бидат сместени пливачите и истото да биде пристапно исклучиво за пливачите и тренерите

Влегувањето во местото да биде само со маски на лицето

Местата каде ќе се соблекуваат/облекуваат пливачите да бидат на пропишаното растојание од 1,5 метар

Да има поставено средства за дезинфекција на рацете на самото место

Да се означи местото каде може да стојат родителите и посетителите

Стартната линија да биде доволно широка за да може пливачите да имаат пропишано растојание меѓу себе

Судиите, тренерите и целокупната организација во текот на целото време носи маска на лицето

Доделувањето на медалите на победниците нема да се прави по стандарниот модел, туку истите ќе бидат поставени на посебен стол каде пливачите сами ќе ги земаат

Обврските за пливачите:

Доаѓањето на местото на трката нема да биде организирано и секој пливач ќе мора сам да дојде до местото

Бројот на лица кои ќе бидат во присуство на пливачот да се сведе на минимум (односно две)

Во текот на целото време во местото предвидено за пливачите, пливачот мора да носи маска на лицето

Секој пливач си носи свое шише за пиење, освен ако се добие флаширано неотворено шише од организаторот.

Секој пливач да си носи храна која ќе ја конзумира пред и после трката и истата да не ја дели со другите пливачи.

Шишето добиено од организаторот да се чува на место каде нема да може да се помеша со други шишиња, доколку дојде до тоа, истото да не се користи.

Победниците на трките, медалите ги подигаат од место/маса предвидено за тоа.

Задржувањето на местото на трката по завршувањето на истата, треба да се сведе на минимум. Односно по добивање на медалите истото веднаш да се напушти

Обврски за родителите и посетителите:

Родителите и посетителите треба да бидат во место предвидено за нив

Местата за седење/стоење во просторот треба да бидат обележани и одалечени на дозволеното растојание

За време на престој во самото место, мора да се носи маска на лицето

Во самото место ќе има средства за дезинфекција на рацете. 

Задржувањето на местото на трката после завршување на истата треба да биде сведено на минимум

Годинава „малиот маратон“ ќе има измената патека, односно нема да стартува од Хотелот Парк туку трката ќе биде кружна и ќе се одвива на самиот кеј на Охридското езеро.

OhridNews

Нова патека за 41-то издание на Илинденскиот пливачки маратон