Полните, сочни усни секогаш се добитна комбинација која го привлекува вниманието на спротивниот пол. Но, природата не е секогаш на наша страна, бидејќи губењето на колагенот започнува во дваесеттите години и се забрзува во триесеттите, па усните стануваат собрани или потенки.
Покрај тоа, од помош не е ниту пушењето и изложувањето на сонце. Како и за сите такви проблеми, и за овој има лек, а од помош може да бидат дерматолозите и визажистите.
Визажистите велат дека наједноставен рецепт е силен и дебел слој сјај за усни со колаген. Ваквите сјаеви во себе содржат цимет кој ги стимулира крвните садови и ги прави усните полни.
Ако почувствувате благо пецкање на усните по нанесувањето на сјајот, на вистински пат сте кон полни усни бидејќи тоа значи дека сјајот си ја работи работата. Завршен трик: пред нанесување на сјајот порабете ги усните со моливче за нијансирање потемно од сјајот и натапкајте малку пудра во прав.
Дерматолозите ќе ви помогнат на подолг рок, препорачувајќи користење на производи кои содржат пептиди и дополнително ја влажнат кожата. Имено, бидејќи усните немаат лојни жлезди, изразено се склони кон сушење, а токму тоа дополнително ќе ги нагласи тенките усни.
Балзамот за усни со витамин Е или Шеа путер ќе спречи сушење на усните, а притоа обрнете внимание на заштитниот фактор кој треба да биде најмалку 15, за максимално да се намали штетата од сонцето. Покрај тоа, кармините за усни со пептиди ќе го дадат токму оној финален сјај кој го барате.
извор:metro-portal.hr